Подземните гаражи делуваат како грејачи на тлото, а според новото истражување од Германија и Швајцарија, енергијата која се создава би можела ад се користи дури и за греење на зградите. Научниците од германскиот Универзитет во Хале, Институтот за технологија во Карлсруе, како и швајцарскиот Универзитет Басел, ги анализирале температурите во 31 подземна гаража во разни градови во Германија. Австрија и Швајцарија. Во шест од нив, тие успеале да ја измерат и температурата на подземните води во непосредна близина. Резултатите покажале дека подземните гаражи ја загреваат подземната вода во текот ан целата година. На резултатите влијаела и фрекфенцијата на сообраќајот во подземните гаражи, нивната близина до подземните води и температурата на подземните води. Вишокот топлина во тлото, во иднина може да се искористи со помош на топлински пумпи.
За 5.040 подземни гаражи во Берлин, тимот со помош на модел го пресметал степенот на загревање на подземните води. Научниците дошле до резултат според кој вкупно генерираната енергија би можела да снабди со греење најмалку 14.660 станови. „Се разбира, самата топлина од подземните води не е доволна да ги покрие потребите за греење на градови како Берлин или земји како Германија, ниту температурата на подземните води е близу до потребната за греење без притоа да се употребат топлински пумпи“, вели Peter Bayer, коавтор на студијата. „Но, знаеме од претходни трудови дека потенцијалот за геотермална енергија далеку го надминува ова и би можел да има значајна улога во идното снабдување со енергија за греење“.