Насловна / Вести / Можат ли блоковите од рециклирана пластика да ги заменат бетонските?

Можат ли блоковите од рециклирана пластика да ги заменат бетонските?

ByFusion Global стои зад пронајдокот на новиот алтернативен градежен материјал. Станува збор за шарени блокови направени од рециклирана пластика, под името ByBlock. Димензиите се 40x20x20cm, а масата 10kg.  Производителот истакнува дека ByBlock е првиот градежен материјал направен во целост од рециклиран (а често и нерециклиран) пластичен отпад. Блоковите овозможуваат поставување без лепак, исто како и класичните, а за разлика од нив овие не пукаат.

blok1

blok2

Производителот тврди дека при производството на овие блокови не се создава отпад. Еден тон пластика дава еден тон ByBlock блокови, а за нивното користење не е потребно посебно знаење или голем труд. Компанијата предлага тие да се користат за изградба на потпорни ѕидови, ѕидови за звучна изолација, тераси па дури и мебел.  ByFusion Global склучил партнерство со градот Боис во Ајдахо, во кој собира рециклирана пластика од домаќинствата за да создаде нови блокови. Иако учествувале само 20% од домаќинствата, сепак тоа било доволно за три тони материјал за изработка на блокови.  Работејќи со постројките за рециклирање и со општините, ByFusion може да го претвори комуналниот отпад во употреблив рециклиран материјал. Одлична карактеристика на оваа програма е фактот што нема потреба пластиката претходно да се сортира, чисти или обработува. Тоа значи полесно рециклирање и побрзи резултати за решавање на проблемите со загадувањето со пластика. Производителот вели дека производниот процес има нулта емисија на јаглерод, а не се користат ниту додатни хемикалии. Пластиката не се топи во процесот на рециклирање, а стандардните градежни материјали, како што се гипсени панели или плочки може лесно да се нанесат на површината на овие блокови. 

blok3

blok4

 

Испрати коментар

Scroll To Top