Агросоларните постројки, кои овозможуваат на една иста површина и земјоделско производство и производство на електрична енергија, бавно се пробиваат во регионот. Своевиден предводник на овој тренд засега е Србија. За разлика од неа, Хрватска која е една од само десетте земји во ЕУ со законска рамка за воведување на агросолари, сеуште има многу недоумици во однос на нивната имплементација. Имено, во Хрватска постои само една фарма на северот на земјата, која користи агросолари.
Стручњаците укажуваат дека овој концепт е интересен за помасовна примена, имајќи предвид дека земјоделското производство никогаш не било под поголеми ризици. Секако климатските промени се меѓу најсериозните ризици. Искуствата на Германија и Франција покажуваат дека агросоларите се неефикасни ако приносот преку овој концепт е понизок од 66%. На глобално ниво повеќе од 1TWh електрична енергија се произведува со помош на агросолари.