Неодамна откриениот мозаик стар 2.400 години во Турција има многу интересна порака за животот. Мозаикот се наоѓа во јужната провинција Хатај и покажува скелет кој лежи. Покрај него е вино, а држи чинија за храна во неговата рака.
И сосема е уникатен, велат турските археолози.
Мозаикот датира од третиот век пр.н.е., а бил откриен сосема случајно.
Археологот Кара Демет од локалниот музеј вели дека мозаикот е дел од грчко-римскиот град Антиохија. Во прилог на сликата со скелетот има и единствена порака. Таа вели: „Биди среќен, уживај во својот живот“.
Мозаикот се наоѓал во приватна куќа и тоа во трпезарија на семејство од повисоките општествени класи.
Демет вели дека уште еден сличен мозаик се наоѓа во Италија, но дека овој има сосема јасна порака.