Мехмет Дорук Ердем доаѓа од Турција, а со своите футуристички концепти за BMW мотоциклите ги воодушевува љубителите на овие возбудливи возила.
Откако го претстави на светот BMW Titan, кој личи на нешто што Бетмен со задоволство би го имал во својата гаража, стигна уште еден модел со име BMW Radical, кој исто така делува како како да не е од оваа планета ниту пак од ова време.
Неговиот најнов концепт на мотор е само продолжение на неговата визија за тоа како мотоциклите ќе изгледа во блиска иднина, а овој концептуалист бил очигледно инспириран од филмот Tron: Legacy за неговото последно дело.