Насловна / Архитектура / Мостовите на Санкт Петербург

Мостовите на Санкт Петербург

Со изгревањето на Месечината, Санкт Петербург се менува. Стотици бродови, јахти и чамци се среќаваат кај мостот Палас, а конструкциите од повеќе тони ги шират своите крилја за да ги пропуштат да поминат. Петербург е светски рекордер по број на мостови, кои се и негов заштитен знак. Топлите, летни, „бели ноќи“, нежно ветре што милува и погледот на мостовите кои се отвораат за да минат бродови под нив, привлекуваат десетици илјади туристи годишно да ја посетат оваа северна престолнина на Русија.

peter

мостот Палас

Подвижните мостови на Санкт Петербург се вистинска атракција. Но, можеа и да не бидат. Според легендата, Петар I забранил изградба на камени мостови во новата престолнина, сметајќи дека целиот сообраќај во градот ќе се одвива по реки и канали. Царот сонувал дека жителите на идната престолнина на Русија ќе патуваат со бродови и чамци, бидејќи во тоа гледал европски шик, како амстердамскиот или венецијанскиот. За среќа, таа идеја не заживеала и веќе во 1727. година, по смртта на Петар I, во тогашниот главен град бил изграден првиот мост – дрвен, кој ги поврзувал бреговите на реката Нева. Во следните две децении, бројот на мостови во Санкт Петербург само растел, па до 1749. година веќе имало над 40 мостови, од кои најмалку половина биле подвижни.

palas

мостот Палас

Многу романтични приказни се поврзани со мостови, кои, како по обичај, се отвораат во најнеповолен момент. Брзате на состанок или дома после работен ден, но за жал, доцните затоа што сте се нашле на „заклучената“ страна на брегот. Во Санкт Петербург ќе слушнете слични догодовштини во секое семејство. И сето тоа затоа што мостовите над пловната Нева периодично ги отвораат своите „шепи“ кон облачното небо во Санкт Петербург.

Овој единствен спектакл трае од крајот на април до средината на ноември, за време на пловидба, односно кога Нева не е замрзната. При ноќно излегување во градот во овој период, важно е да се знае точното време на отворање на мостовите. Затоа што можете да се најдете во прилично непријатна ситуација кога треба да барате алтернативни рути за да стигнете до посакуваниот дел од градот. Петербургшките мостови секогаш се отвораат ноќе, а оваа глетка, која најубаво е да се набљудува за време на „белите ноќи“, и денес привлекува туристи во градот на Нева.

Денес, северната руска престолнина брои 342 градски мостови, додека има уште 133 во предградијата на Санкт Петербург, како што се Пушкин, Петерхоф, Павловск, Ломоносов и Кронштад. Што ги прави мостовите на Санкт Петербург толку посебни и зошто се претставени на сите разгледници на овој град?

litej

 Литејни мост 

Од вкупниот број на мостови, 21 се подвижни. Најголемо подвижно крило во светот има Литејни мост – должината на крилото што се подига за да можат да поминуваат пловни објекти под мостот е неверојатни 67 метри, додека титулата на најдолгиот подвижен мост на реката Нева му припаѓа на мостот Александар Невски – заедно со приодите, должината на овој мост е неверојатни 906 метри.

baknez

мостот Бакнеж

an

мостот Александар Невски

Мостот со кој се поврзуваат најмногу легенди е мостот „Бакнеж“: место на голем број вљубени, место на трогателни средби и разделби,логични поради името што го носи овој мост. Сепак, мостот го добил своето име од друга причина. Имено, во 1788. година, познатиот руски трговец Никифор Поцелујев („бакнеж“ се изговара „поцелуј“ на руски) во непосредна близина на мостот отворил кафеана „Бакнеж“. Местото брзо станало популарно меѓу жителите на Санкт Петербург, а најблискиот мост го добил името по еминентниот локал во близина.

ianovski

Иоановски мост

Најстариот од сите мостови е Иоановски мост, кој бил изграден уште во 1706. година и кој го поврзувал тогаш сè уште неуредениот Санкт Петербург со Петропавловската тврдина. Мостот се викал Петровски од моментот на неговата изградба до 1887. година, кога бил преименуван во Иоановски. Денес, овој мост е пешачки мост кој сè уште лежи на темелите на стариот, автентичен мост „Петровски“, а во чест на 300 годишнината на градот во 2003. година, под мостот Иоановски поставен е споменик на зајакот Арсениј, кој според легендата исполнува желби.

zj

erm1

мостот Ермитаж

Мостот Ермитаж, кој ги поврзува бреговите на Зимњa канавкa (брегови на каналот), е првиот камен мост на Санкт Петербург, изграден во периодот од 1763. до 1766. година. Овој мост ја носи и титулата најромантичен мост. Инаку, мостот Ермитаж е познат и по литературното дело на познатиот руски писател, Пушкин, „Пикова дама“: имено, поради невозвратена љубов, Лиза, хероината на ова книжевно дело, толму од овој мост скокнала во вода.

plavi

Синиот мост

Најширокиот мост е Синиот мост на реката Мојка, а неговата ширина изнесува 97,3 метри. На површината на мостот има дури и паркинг зона за околу стотина автомобили, пешачка зона и коловозни ленти. Поради својата широчина, овој мост во народот е познат и како мост – плоштад.

семи

Семимостовје

Љубљана е позната по тромостовје – местото каде што има три моста во центарот на градот, а Санкт Петербург е познат по семимостовје – местото каде што може да се видат одеднаш дури седум мостови. За да се види, треба да се застане на мостот Пикал, така што катедралата Никољскиот сабор ќе се наоѓа лево, тогаш мостот Красногвардејски ќе биде напред, мостот Новоникољски ќе се појави зад него и ако се сврти во насока на стрелките на часовникот, ќе се види и Старoникољскиот мост. Понатаму по каналот Крјукова ќе ги видите Смежни, а потоа Могилевски, а ако продолжите да гледате надолу по каналот ќе се види и Кашин и Торговиј. Глетката е навистина импресивна.

kazan

Казанскиот мост

Најнискиот мост во Санкт Петербург е Казанскиот мост, кој се наоѓа во близина на Казанскиот сабор – растојанието помеѓу површината на водата и лакот на мостот е само еден метар.

Титулата за најфотогеничен мост ја носи мостот Банковски – специфично за него е што во неговите „вилици“ го држат четири грифини лоцирани на брегот.

bankov

мостот Банковски

Испрати коментар

Scroll To Top