Насловна / Вести / Мостот во Далас на Калтрава затворен поради проблем со конструкцијата

Мостот во Далас на Калтрава затворен поради проблем со конструкцијата

Мостот Margaret McDermott во Далас, вреден 115 милиони долари не се пушта во промет бидејќи никој не се осмелува да гаранитира безбедност на пешаците и точаците.
Според проектот на славниот шпански архитекта и градежен инженер Сантијаго Калатрава, преку реката Тринити во Далас изведен е мост за возила и пешаци. Иако веќе требаше да биде во функција, делот на мостот за точаци и пешаци останува затворен, бидејќи покажува сериозни конструктивни грешки.

k5
Првиот проблем се појавил на почеток на 2016 година, кога е изграден последниот од четирите лаци на мостот и кога се појавиле на конструкциојата пукнатини предизвикани од јак ветер.

k4

 

Подоцна во март 2016 повторно под дејство на јак ветер пукнал еден од стаповите кој го носат пешачкиот дел на мостот. Во парил пукнал уште еден, а 20 дена подоцна пукнал и третиот.

k3
Како се случила оваа грешка? Според известувањата на изведувачите, тоа е инженерска грешка при проектирање, конструкцијата не е добро пресметана, ниту е тестирана на ветер. Додека Калатрава топката ја префрла на изведувачите, вели дека во прашање е кратење на трошоците, а со самото тоа и квалитетот на изведбата на мостовската конструкција.

k7

Додека не се разреши дилемата дали мостот е безбеден за точаци и пешаци и утврди одговорноста, мостот вреден 115 милиона долари ќе остане затворен.

k8

Испрати коментар

Scroll To Top