Мостот Рио – Антирио го спојува полуостровот Пелопонез со копното, и е еден од најдолгите висечки мостови во светот. Неговата изградба била сериозен инженерски потфат со многу предизвици. Рио и Антирио се две мали гратчиња на спротивни страни од Коринтскиот залив. Тие се оддалечени само 2 километри воден пат, а дури 300 километри копнен. Идејата за изградба на мост токму на ова место, потекнува уште од 19-тиот век. Идејата е реализирана на крајот на дваесетиот и почетокот на овој век. Изградбата е реализирана од страна на француско – грчки конзорциум. Подготовките ан теренот започнале во 1988 година, а мостот е комплетно завршен и свечено отворен на 7-ми август 2004, во очи на отворањето на Олимписките игри во Атина. Токму носителите на олимпискиот оган први минале низ мостот.
Мостот е долг 2883 метри, а широк 27 метри. Има четири пилони, со троен најдолг распон на каблите од по 560 метри. Двата централни пилони се високи 164 метри. Според различни извори, изградбата чинела помеѓу 630 и 830 милиони евра и во најголем дел е финасирана од грчките државни фондови и кредит од Европската инвестициска банка. Изградбата е пропратена со мноштво сериозни предизвици, па затоа овој потфат се смета за инженерско ремек дело. Еден од предизвици бил изградба на конструкција долга речиси три километри во водасо длабочина од 65 метри. Станува збор за сеизмички исклучително активно подрачје, едно од најактивните на европскиот континент. ветровите с еисто така многу силни, а дното на Коринтскиот залив е од мек муљ, длабок и до 500 метри.
Но, сите предизвици се успешно решени, а мостот го имал својот прв вистински тест во јуни 2008, кога ова подрачје е погодено од земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала. Еден од најубавите мостови на светот е атракција и за локалното население и за туристите. Во близина на мостот редовно се одржуваат рани манифестации, а тој е незаобиколен кадар за фотографирање на новопечените брачни двојки. За жал, овој мост има и своја темна страна. Имено, полициските автомобили овде се честа глетка, бидејќи мостот Рио-Адирио е омилен и меѓу оние кои решиле да му стават крај на својот живот.