Насловна / Вести / Мостот Почитељ преку Неретва, висок преку 100 метри конечно споен (ВИДЕО)

Мостот Почитељ преку Неретва, висок преку 100 метри конечно споен (ВИДЕО)

Со завршно спојување на распонската конструкција во полињата 6 и 7, споен е мостот Почитељ над Неретва во Босна и Херцеговина, чие завршување, по неколку одложувања, се очекува на есен оваа година.

Со висина од над 100 метри и должина од 945 метри, тој е еден од највисоките мостови во регионот, што го прави еден од најкомплексните објекти на целиот Коридор 5с, чија должина низ БиХ е 320 километри.

н4

Мостот Почитељ е проектиран како континуиран греден мост со главен распон од 147 метри, со променлив кутијаст попречен пресек и единствена конструкција за двата коловоза, а столбовите монолитно поврзани со распонската конструкција градена со технологија на слободна конзолна грдаба.

Столбовите на мостот се високи 92, 97, 92, 91, 88 и 66 метри, а изведувач е конзорциум кој го сочинуваат Azvirt Limited Liability Company од Азербејџан, Sinohydro Corporation Limited и Powerchina Roadbridge Group Co. Ltd. од Кина.

н3

Вкупната количина на материјал вграден во мостот е 38.000 кубни метри бетон, 9.000 тони арматура и 1.500 тони кабли за преднапрегање, а во наредниот период ќе бидат поставени и 20.000 квадратни метри асфалт и хидроизолација, соопштија од Јавното претпријатие Аутоцесте ФБиХ.

н1

МОСТ ВРЕДЕН ПРЕКУ 28 МИЛИОНИ ЕВРА

Подделницата Почитељ – Звировиќи е дел од делницата Почитељ – Бијача. Долга е 11,07 километри и е поделена на два ЛОТ-а.

ЛОТ 1 ја опфаќа трасата на автопатот од почетната стационажа до мостот Почитељ и од мостот Почитељ до клучката Звировиќи. Изведувач е China State Construction Engineering Corporation Limited (Кина), додека вредноста на договорот е 56.522.840 евра без ДДВ.

Во ЛОТ 1 се значајни објекти: клучката Почитељ со наплатна рампа и пристапни сообраќајници, тунелот Почитељ (L = 1.200 m), три вијадукти со вкупна должина од 250 метри и отворена траса.

ЛОТ 2 ја опфаќа изградбата на самиот мост Почитељ, а вкупната вредност на градежните работи е 28.114.889 евра без ДДВ. Надзорот на изградба на двата лота врши фирмата IRD Engineering S.R.L. од Италија.

н2

ЗАЕМ ОД ЕИБ И БЕСПОВРАТНИ СРЕДСТВА ОД ЕУ

Изградбата на мостот Почитељ, кој го премостува магистралниот пат М-17, реката Неретва и пругата Сараево-Плоче, е финансирана од средства обезбедени со договорот за заем склучен со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и грантови од Европската Унија, обезбедени во рамки на Агендите за поврзување преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Духовитите Босанци се шегуваат, преку вода до Европа! А кога ќе биде готов, ќе може да се„с кокне“ од Сплит до Сараево на ќебапи.

Испрати коментар

Scroll To Top