Насловна / Вести / Мостот Пељешац ги поврза југот и северот на Хрватска (видео)

Мостот Пељешац ги поврза југот и северот на Хрватска (видео)

Изградбата на мостот Пељешац со должина од 2.404 метри го финансирала Европската унија, а изграден е од кинески работници за 36 месеци.

Последниот, 165-ти по ред елемент на мост беше вграден пред една недела, со што е завршено поврзувањето помеѓу Комарна од неретванската страна и Бријеста од страната на Пељешац. Преминувањето на првите возила преку мостот е планирано за пролет следната година, а целосниот пристап до мостот со околните патишта треба да биде готов до јуни 2022 година.

Мостот Пељешац е мост во Хрватска кој го поврзува полуостровот Пељешац со хрватското копно, преминувајќи преку заливот Мали Стон.

Бидејќи хрватското копно е пресечено со мал појас на брег околу градот Неум, кој е дел од Босна и Херцеговина (формално единствениот излез на БиХ на море), мостот го поврзува најјужниот дел на Далмација со остатокот од Хрватска.

1_resize

Европски пари, кинески работници

Проектот беше започнуван и прекинуван два пати, што беше предизвикано и од политика и од недостаток на пари. Бидејќи „првата лопата беше фрлена“ во 2005 година, секогаш постоеше црв на сомнеж во врска со проектот на мостот и прашањето: „Дали некогаш навистина ќе се заврши?“, пишува Јутарњи лист.

Некои политичари дури го отфрлаа проектот, додека други нудеа алтернативи. Меѓутоа, проблемот со територијалната поврзаност на Хрватска ескалираше по влезот во Европската унија, а владата на Пленковиќ ја рестартираше реализацијата на проектот, кој во најголем дел би се реализирал со средства на Европската унија, што е вкупно околу 526 милиони евра.

Кинезите (CRBC) беа воведени во изведување на работите пред точно три години, но дури и најголемите оптимисти не веруваа дека за точно 36 месеци, мостот навистина ќе биде завршен. Тешка механизација и многу работници беа ангажирани на проектот и започнаа работите. Прво, беа пробиени привремени, а потоа и постојани пилони кои се основа на мостот.

3_resize

Пилони со должина 130 метри поставени се со таканаречена „кинеска техника“, која досега не е применета на територијата на Европската унија. Имено, мостот се наоѓа на каллива и мека почва, па така класични градежни работи не доаѓаа во предвид. На крајот, во мостот долг 2,5 километри беа вградени речиси 70 илјади тони челик и 70 илјади кубни метри бетон.

Проектант Словенец

Главниот проектант на мостот е градежниот инженер Марјан Пипенбахен, кој го направи во коавторство со покојниот Јура Радиќ.

Пипенбахен објаснува дека мостот со шест пилони и пет главни отвори со распон од 285 метри се наоѓа во подрачје на висока сеизмичка активност и силни ветрови и се рангира во проектантска и изведбена смисла меѓу најсложените инженерски проекти.

4_resize

„Треба да се напомене дека темелот на мостот е направен од 148 челични пилони со дијаметар од два метри и должина до 124 метри. Сообраќајната конструкција е во централниот дел на мостот повеќе од 60 метри над морето, така што е обезбеден пловен профил широк 200 метри и височина 55 метри, што беше договорено со Босна и Херцеговина“, објаснува Пипенбахен за Вечерњи лист.

Пловен пат

Посебно внимание се посветило на пловниот пат на бродовите до Неум, утврдено е дека сите бродови можат да минуваат помеѓу столбовите 7 и 8, ширината на пловниот пат е 200 метри, а висината до конструкцијата на мостот е 55 метри.

2_resize

На градилиштата во Комарна и Бријеста знаело да има и до 650 работници во исто време, кои работеле во три смени, често работеле во многу тешки услови, па дури и пандемијата не го запрела градилиштето ниту еден ден.

Ноќна врска

Во текот на вечерта, специјални дигалки закачиле 250 тони тежок трапезоиден челичен сегмент и го подигнале од нивото на водата до мостот, овозможувајќи спојување на последните 18 метри. Монтажата на последниот дел од мостот била захтевна и многу прецизна работа, која морала да се изврши ноќе поради потребата од стабилна температура. Бидејќи челикот може да се деформира при високи температури, а неопходно е се да се изведе многу прецизно, кинеските заварувачи ја завршиле работата во ноќните часови.

5_resize

Кинески огномет за крај

Сега, по грубите работи, кои вклучуваа поврзување на мостот, следат „фини“ работи, кои ќе траат најмалку уште четири месеци. Треба да се изврши поставување на инсталации во внатрешноста на мостот, како и одвод за канализација, поставување мерни уреди за следење на конструкцијата на мостот, како и сообраќајна, сигнална и декоративна расвета.

Во ноќта на завршувањето на мостот, беше истрелан огномет според древната кинеска традиција за среќа и благосостојба на оние кои го градеа мостот, но и на сите оние кои ќе преминуваат преку него и ќе му се восхитуваат од далечина.

Испрати коментар

Scroll To Top