Насловна / Вести / Мостот Морачица највисок во регионот

Мостот Морачица највисок во регионот

Во Црна Гора во 2015 година отпочна изградбата на автопат на релација Бар – Бољаре, кој е планиран да биде завршен до 2019 година. Овој автопат е дел од автопатот Белград – Бар. Планираната должина на автопатот Бар – Бољаре на кој ќе има 48 тунели и 107 мостови и вијадукти е 167,2 километри. Приоритетна е делницата со должина од 42 километра Смоквац, Увач и Матешево. На оваа делница никнува “чудо“. Тоа е грандиозниот мост Морачица.

mor1

Овој мост е клучен на целат траса на автопатот. Го премостува регионалниот пат Подгорица – Колашин, реката Морача и платото Морачица, по кое мостот и го добил името. Мостот е фасцинантен со своите пет столбови и е највисок мост во бивша Југославија. Мостот е со должина од 960 метри, со вкупна ширина 23,4 метри. Висната на највисокиот столб изнесува 180 метри, заедно со темелот и конструкцијата, односно висината на самиот столб е 161,5 метри. Максималниот распон меѓу столбовите е 190 метри.

2
Проектантот на идејниот проект за мостот, професор Младен Улиќевиќ изјави дека основната идеја била мостот Морачица, иако грандиозен, да биде што поедноставен и на “безболен“ начин да се стопи со амбиентот.
Изведувач на работите на целиот автопат и проектант на главниот проект на мостот е кинеската компанија China Road and Bridge Corporation (CRBC). Целата инвестиција за автопатот чини 809.6 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top