На мостот Браила во Романија, кој во оваа земја го нарекуваат и „романски Golden Gate“, ќе мора ад се изврши темелна реконструкција и тоа само една година по неговото отворање за сообраќај. Мостот чија изградба чинела 500 милиони евра, од самото отворање бил предмет на бројни санации. Сега му претстои детална ревизија и корегирање на сите споеви, акко и нов слој на асфалт, бидејќи забележани се бројни нерамнини.
Со вкупна должина од 1.975 метри, тој е најголемиот мост во Романија и трет по големина висечки мост во Европа. „Мостот е проектиран да има век на траење од 120 години. Ќе има центар за надзор и контрола кои трајно ќе ја снимаат состојбата на мостот. Поставени се над 50 сензори на критичните точки на мостот“, рекол минатата година министерот за сообраќај. За неговата изградба потрошени се 52.360 тони челик. Сместен е помеѓу градот Браила на исток и округот Тулчеа на брегот на Црно море.