Насловна / Екологија / Мостот-градина на Темза сепак ќе се гради

Мостот-градина на Темза сепак ќе се гради

ThamesBridge
Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон го одобри контроверзниот проект за пешачки мост-градина, кој ќе го поврзува регионот Темпл со јужниот дел на градот. Инвестицијата на футуристичкиот мост се проценува на 175 милиони фунти.

Авторот на проектот – Џоана Лампи, е голем ентузијаст од евентуалната реализација и ја претставува идејата како „можност да поминете низ шума над една од најголемите реки во светот“. Првично, таа планирала да го посвети проектот на принцезата Дијана, а мостот треба да одигра улога на своевиден споменик, но финансиските пречки ја закочуваа неговата имплементација веќе 13 години.

Градината ќе зафаќа површина од речиси половина фудбалски терен, ќе работи само во текот на денот, и нема да им биде дозволен пристап на  велосипедистите. Мостот-градина се очекува да стане главна туристичка дестинација за посетителите на Лондон, така што стравувањата на неговите критичари се поврзани во голем дел со мерките за безбедност на иновативниот објект.

Испрати коментар

Scroll To Top