Насловна / Вести / Мостот Џорџ Вашингтон еден од најпрометните за моторни возила во светот

Мостот Џорџ Вашингтон еден од најпрометните за моторни возила во светот

Мостот Џорџ Вашингтон е висечки мост на две нивоа што ја премостува реката Хадсон поврзувајќи го квартот во Менхетен, Washington Heights во Њујорк со општината Fort Lее во Њу Џерси. Мостот го добил името по Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД и е еден од најпрометните мостови за моторни возила во светот, со 103 милиони возила поминати во 2016 година, се смета дека секој жител на Њујорк преминал преку него шест пати. Во сопственост е на Пристанишната управа на Њујорк и Њу Џерси, државна агенција која управува со инфраструктурата во Њујорк и Њу Џерси.

3

8

Идејата за мост преку реката Хадсон првпат е предложена во 1906 година, но дури во 1925 година законодавните тела на сојузните држави Њујорк и Њу Џерси го изгласале неговото планирање и изградба Изградбата на мостот Џорџ Вашингтон започнала во октомври 1927 година, а свечено е отворен за сообраќај во октомври 1931 година. Горниот дел во 1946 година е проширен од шест на осум ленти. Долниот дел со шест ленти бил изграден под постоечкиот распон од 1958 до 1962 година поради зголемениот проток на сообраќај.

1

Мостот има вкупно 14 сообраќајни ленти, а дозволената брзина на возење е ограничена на 72 километра на час. Покрај моторните возила мостот можат да го користат пешаци и велосипедисти.

2

Мостот Џорџ Вашингтон е долг 1.450 метри, а распонот е 1.100 метри. Во времето на неговото отворање, имал најдолг главен распон во светот и го држел тој рекорд се до отворањето на мостот Голден Гејт во 1937 година. Мостот е носен од вкупно 105.986 челични сајли. Има четири главни кабли, кои го носат горниот дела и се ослонети на висечките кули на двете страни од реката, кои се високи 184 метри. Мостот го проектирале градежниот инженер Othmar Ammann раководител на проектот во соработка со Allston Dan и Edward W. Stearns. Архитектот Cass Gilbert бил консултант за архитектура.

10

9

7

w

4

6

5

Испрати коментар

Scroll To Top