Мостот Rong во Да Нанг e долг точно 666 метри, широк 37,5 метри и има шест ленти за сообраќаj и е најдолгиот висечки мост во Виетнам. Да Нанг е еден од најголемите пристанишни градови во земјата, а мостот Rong ја преминува реката Хан непосредно пред да се влее во заливот Да Нанг.
Мостот го проектирала компанијата Ammann & Whitney Consulting Engineers заедно со Louis Berger Group. И покрај неговата функционалност, нешто што е интересно во врска со мостот Rong е тоа што тој е обликуван како златен змеј кој блеска, моделиран по стилизираните змејови од династијата Ли која владееле со Виетнам во 11 и 12 век.
Мостот е интересен во секое време од денот, но ноќе е осветлен со 2.500 светилки кои ја менуваат бојата, додека за време на викендите и празниците главата на змејот прави спектакл. Секоја сабота и недела во 21 часот „змејот вдишув“ оган и вода преку устата. Неговата главна функција, се разбира, е да го поврзе градот со источниот брег, аеродромот и градот Хои Ан, кој е под заштита на УНЕСКО, важно пристаниште за трговијата со зачини што започнала во 15 век.
Rong е отворенна 29 март 2013 година, за да ја одбележи 38-годишнината од ослободувањето на градот во 1975 година за време на Виетнамската војна, која во Виетнам се нарекува Американска војна. Изградбата чинела 85 милиони долари и моментално е најголемиот челичен мост во форма на змеј во светот.
Должината и ширината на мостот Rong со шест ленти, долг 666 метри, не се случајни – бројот шест се смета за среќен во Виетнам.