Насловна / Вести / Мост во Ротердам ќе биде демонтиран за да помине суперјахтата на Џеф Безос

Мост во Ротердам ќе биде демонтиран за да помине суперјахтата на Џеф Безос

Историскиот челичен мост во холандскиот пристанишен град Ротердам ќе биде делумно демонтиран за да може да помине суперјахтата изградена за основачот на Aмазон, Џеф Безос, објавија локалните власти.

5_resize

Џиновската јахта на Безос, вредна 430 милиони евра преголема е за култниот мост Конингсхавен, кој датира од 1878 година и беше повторно изграден откако беше бомбардиран од нацистите во 1940 година за време на Втората светска војна.

Бродоградилиштето што ја гради огромната јахта со три јарболи во Alblasserdam, во близина на Ротердам, побара од локалниот совет да го отстрани централниот дел на мостот за да може да помине јахтата.

4_resize

„Тоа е единствениот пат до морето“, изјави портпаролот на градоначалникот на Ротердам за АФП, додавајќи дека сопственикот на Амазон ќе ја плати сметката за оваа операција.

Одлуката налути многумина во Холандија бидејќи локалниот совет по големото реновирање во 2017 година вети дека никогаш повеќе нема да го демонтира мостот, познат кај граѓаните како De Hef.

Кабинетот на градоначалникот ги нагласи економските придобивки и работните места создадени со изградбата на бродот, но ветија дека мостот ќе биде обновен во сегашната форма.

1_resize

Средниот дел од огромниот мост со челични носачи ќе биде отстранет за да се направи доволно простор за јахтата висока 40 метри, објавија холандските медиуми.

Процесот ќе трае неколку недели и се очекува да се случи ова лето.

Безос (57) е еден од најбогатите луѓе во светот откако го трансформираше онлајн продавачот на книги Амазон во глобален трговски гигант.

Испрати коментар

Scroll To Top