Новиот бетонски пешачки мост во швајцарскиот град Лозана, директно ги поврзува метро станицата и живописната шума Sauvabelin.
Дизајниран од страна на локалната фирма 2b Architectes, мостот за пешаци La Sallaz минува преку главниот влез во градот во североисточниот дел, спојувајќи ја новата метро станица Sallaz и источниот влез во шумата со површина од 80 хектари.
Мостот од една страна се потпира на зелениот рид, а од другата страна го носат два пара коси столбови.
Поради разликите во функцијата и изгледот на двата дела што мостот го поврзуваат, самиот дизајн на мостот има „двоен“ изглед.
Долната страна од мостот е изградена во бетон и така јасно го претставува новиот влез во градот. Горниот дел, односно делот по којшто се оди, како и внатрешноста на бочните страни, се обложени со дрво и на тој начин суптилно и симболично се влегува во шумата.