Насловна / Вести / Мост кој го држат две џиновски раце

Мост кој го држат две џиновски раце

Во планините над Да Нанг во Виетнам, се наоѓа мост со единствен дизајн. Долг околу 150 метри и обложен со цвеќе, овој „златен“ мост кој го „придржуваат“ две џиновски раце го носи името Golden Bridge, и отворен е за посетители од почетокот на јуни.  Се наоѓа на 1.400 метри надморска височина. Поради својата форма, височината и опкружувањето, се создава излузија на „свилена лента“ која се крие помеѓу облаците над Да Нанг. Должината на мостот  од 150 метри е поделена на осум распони. Покрај секој од нив се наоѓа линија од цвеќиња, додавајќи уште еден слој боја кон златните балустради. Наводно, овој мост е дел од поголем проект со вредност од 2 милијарди долари, со цел да се привлечат туристи во ова подрачје. Кичот се заокружува со проекти на џиновски патки и диносауруси во истото подрачје.

GDVietnam

GDVietnam1

GDVietnam2

GDVietnam3

 

Испрати коментар

Scroll To Top