Насловна / Вести / Мостот Акаши-каикјо во Јапонија

Мостот Акаши-каикјо во Јапонија

Мостот Акаши-каикјо е висечки мост што го поврзува Кобе со островот Аваји. Тој беше најдолгиот висечки мост во светот во времето на неговото отворање, додека не го престигна мостот Чанаккале 1915 или Дарданелски мост кој се наоѓа во северозападниот дел на Турција.

м3

Мостот е за автомобилски сообраќај има шест сообраќајни ленти и четири сервисни. Челичниот мост Акаши-каикјо има три распона. Централниот распон е долг 1.991 метри, а другите два 960 метри. Мостот е долг вкупно 3.911 метри. Двете кули првично биле високи 1.990 метри, пред земјотресот во Кобе во 1995 година. Кулите се наоѓаат во област на силни плими каде брзината на водата надминува седум јазли.

м1

Мостот Акаши-каикјо се наоѓа во сеизмички нестабилен регион кој исто така доживува некои од најтешките бури на Земјата. Затоа, инженерите користеле комплексен систем на противтегови, клатна и носачи од челични решетки, така што мостот можел да издржи ветрови до 286 километри на час. И покрај тие бафери, мостот може да се прошири и собира неколку метри во еден ден. Предизвиците што ги поставува мостот инспирирале иновации во ветеротунелите и технологијата за изработка на кабли. Челичните кабли применети на мостот имаат должина од вкупно 300.000 километри, а на него се поставени вкупно 1.737 светла.

м2

Мостот кој е свечено отворен на 5. април 1998 година го  користат околу 23.000 автомобили дневно.

Проектант на мостот е јапонскиот градежен инженер Satoshi Kashima кој работел и бил и извршен директор на Japan Bridge Engineering Center.

м6 м4 м5

 

Испрати коментар

Scroll To Top