Кристина Макеева е фотограф од Москва која преку своите фотографии се потрудила да ја пренесе магијата на руската зима и да ги покани туристите да ја посетат Москва токму во зима. „Москва пред Нова година изгледа волшебно. Кога странците ме прашуваат кое време е најдобро за посета на Москва, алудирајќи на ладните зими, јас секогаш ги убедувам дека токму зимата е најдоброто време за да го доживеат градот во својот полн сјај“, вели Макеева. Во продолжение погледајте некои од нејзините фотографии.