На една улица во центарот на Москва, наскоро ќе биде поставена три метри висока елка направена од пластични шишиња, осветлена од генератор поврзан со велосипед, пренесуваат руските медиуми. Со овој подарок за градот, членовите на една група активисти сакаат да покажат дека престолнината е можно да се осветли, а притоа да не се направи голема штета на животната средина. „За разлика од другите европски градови, Москва не користи алтернативни извори на енергија. Сакавме да покажеме дека престолнината е можно да се осветли користејќи одржлив концепт“, изјавил еден од активистите. По празниците, елката, односно пластичните шишиња ќе бидат рециклирани.