Насловна / Вести / Москва со 2.000 километри патишта

Москва со 2.000 километри патишта

Со изградба на новата сообраќајна инфраструктура Москва ќе има вкупно две илјади километри патишта. На средбата посветена на комплексниот развој на Московскиот транспортен центар до 2023 година и за иднината до 2027 година градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави:„Четири московски делници, плус обиколница во Подмосковје кои веќе се градат, плус експресни сообраќајници од ценарот на градот кон излезот со постоечките сообраќајници во Москва ќе изнесува вкупно 2000 километри патишта во градот. Во суштина земајќи го предвид и метрото ќе се создаде новиот современа транспортна мрежа која радикално ќе ја промени ситуацијата со транспортот во главниот град и околината “.

мос1

Изградба на Централниот обиколен пат

Од 2019 до 2023 година се планира да се изградат околу 485 километри патишта и 100 транспортни објекти (надвозници , тунели , мостови ). Од 2024 до 2027 уште 400 километри. Исто така ќе се заврши изградбата на Централниот обиколен пат со должина од 328 километри.

Испрати коментар

Scroll To Top