Метро станиците знаат да бидат многу тешки за снаоѓање, особено кога се работи за оние низ кои дневно минуваат голем број луѓе. Новата московска метро станица, проект на ZHA (Zaha Hadid Architects), треба да го реши овој проблем со помош на интуитивен распоред и навигациски помагала. Иако метро станиците во Москва се познати по импресивните украси од мермер и мозаици, ZHA нема да ги преслика овие карактеристики, туку ќе го внесе својот препознатлив стил, преку едноставен влез од стакло и минималистички декор, како и закривени ѕидови во внатрешноста. Осветлувањето исто така ќе игра важна улога. Ќе бидат вклучени иновации во целиот проект – интуитивна навигација и напредни системи на осветлување и информирање на патниците. Тоа се само некои од новините кои ќе бидат имплементирани во следната генерација на станици во познатиот московски метро систем.
Од компанијата Zaha Hadid Architects велат дека столбовите се како „стрелки“ кои ги насочуваат патниците, дека осветлените линии на плафонот и подовите обезбедуваат да се пронајде патот. Сеуште нема информации за тоа кога ќе започне реализацијата на проектот. Проектот е предвиден за станицата на московскиот регион „Большая кольцевая“, која од отворањето во 2018 година, ја користеле околу 58 милиони патници.