Насловна / Вести / Москва ќе инсталира по 200 станици за полнење на електрични возила годишно

Москва ќе инсталира по 200 станици за полнење на електрични возила годишно

Москва, престолнината на еден од најголемите извозници на јаглеводороди, планира да го поттикне користењето на електрични автомобили, преку инсталирање на инфраструктура за нивно полнење во наредните години. Употребата на електрични автомобили во Москва сериозно заостанува зад другите метрополи. Меѓутоа, Москва планира да инсталира 200 електрични станици за полнење годишно, почнувајќи од 2022 година. Во Москва денес има околу 2000 електрични автомобили, а нивниот број годишно се зголемува за 10-15%. Со над 12,5 милиони жители, природно е Москва да го следи глобалниот тренд во областа на електричните возила. Градските власти планираат Москва да има околу 600 градски станици за помалку од три години. Од проценетите 45 милиони автомобили кои се возат во Русија, само 11.000 биле електрични. Тие имале на располагање околу 1000 станици за полнење во целата земја. За споредба, ЕУ има над еден милион електрични автомобили на крајот на 2019 година. Здружението на европски компании  (AEB), лоби организација  на странските иннвеститори во Русија, предвидува дека оваа година во Русија ќе бидат продадени најмалку 1000 електрични автомобили, и очекуваат тој пазар понатаму да се удвојува на годишно ниво.

moscow1

moscow2

moscow3

Испрати коментар

Scroll To Top