Насловна / Архитектура / „Москва денес“ изложба во Музејот на Град Скопје

„Москва денес“ изложба во Музејот на Град Скопје

Во Музејот на Град Скопје на 30 јануари со почеток во 19 часот се отвори изложбата „Москва денес“. Изложбата ја отвори амбасадорот на Руската Федерација во РМ г-дин Олег Шчербак, Градоначалникот на Скопје г-дин Петре Шилегов и директорката на Музејот на Град Скопје г-ѓа Фросина Зафировска.

imageedit_14_8786198321

imageedit_13_3225257702

Изложбата „Москва денес“ се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија и е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во РМ и руската државна агенција „Россотрудничество“ со поддршка на Град Скопје и Музејот на Град Скопје.

Музејот беше претесен да ја прими публиката која дојде да ја погледа изложбата на фотографии од Москва, град кој по многу нешта е еден од најважните градови во светот.imageedit_15_3387257080

imageedit_17_6283844161

Москва е град кој е престолнина и на царска и на модерна Русија, град кој е важен научен, културен, политички, стопански и туристички центар на еден значаен дел од светот. Москва е ризница на култура која го чува богатството и древното наследство во своите величенствени зданија. imageedit_7_6745913334

Град кој се менувал, растел низ вековите и град кој ја зачувал својата автентичност паралелно со сите историски настани и превирања кои се случувале и кои се огледуваат во архитектурата на градот. Најголемата европска метропола претставува спој на на традиционална Русија, советскиот период и модерните, современи струења во сите сегменти на животот на градот. Град со најголема концентрација на многу знаменитости на мал простор.

imageedit_4_4021711416

imageedit_6_8286461371

imageedit_3_5545501518

imageedit_11_7309630855

imageedit_19_3348037987

imageedit__9597592588

imageedit_1_2559415832

imageedit_8_6648219633

imageedit_18_3757116440

imageedit_12_3959052458

imageedit_20_4267501957

imageedit_9_2931785624

Испрати коментар

Scroll To Top