Насловна / Градежништво / Московската металуршка фабрика станува луксузно одморалиште

Московската металуршка фабрика станува луксузно одморалиште

moskovska metalurska fabrika_4
Познатата московска металуршки фабрика својата врвна улога ја имаше во времето на Советскиот Сојуз, но падна во заборав и занемареност во последниве години. По меѓународниот архитектонски конкурс, ротердамската архитектонска фирма MVRDV доби одобрение да ја трансформира локацијата на фабриката во голема и ексклузивна населба со мешовити намени.
Првобитно позната како завод Гужон, фабриката е основана во 1884 година и произведувала различна стока од челик со цел царска Русија да се индустријализира и модернизира. Нејзините работници одиграле активна улога во револуцијата од 1905 година, и подоцна во успешната Октомвриска револуција во 1917 година. Фабриката подоцна била преименувана во „Срп и чекан“ (Серп и Молот) во чест на комунистичките симболи.moskovska metalurska fabrika_1
Проектот на бирото MVRDV ќе вклучува комплетен редизајн на поранешниот фабрички комплекс – една голема област која покрива 58 хектари – ексклузивна област која ќе вклучува домови, канцеларии, училишта, болница и паркови.
Во обид да се зачуваат некои од историските делови на локацијата, архитектите од MVRDV планираат да ги задржат големите оџаци и цевки во рамките на новите згради, додека новите блокови ќе го следат основниот габарит на старите големи фабрички хали. Покрај тоа, од постојниот транспортен систем, односно транспарентна лента во фабриката се планира да биде изграден пешачки проект кој ќе наликува на њујоршкиот High Line.moskovska metalurska fabrika_2
Крајниот рок за завршување на проектот е 2021 година, и ќе чини околу 180 милијарди рубљи (околу пет милијарди долари).moskovska metalurska fabrika_3

Испрати коментар

Scroll To Top