Насловна / Архитектура / „Морска карпа“ во Тиват како бариера на дивата градба

„Морска карпа“ во Тиват како бариера на дивата градба

На рид во Тиват, Црна Гора, на десетина минути од центарот на градот, се сместила куќа наречена „Морска карпа“, чија архитектура е потпишана од бирото Архилог од Подгорица. Уште на прв поглед е јасно како куќата го добила името.

2

Првата средба на архитектите со локацијата резултирала со воодушевување од погледите и затекнатото зеленилото, како и „свесност за лошите ефекти од спонтаната урбанизација, архитектонското изразување и инфраструктурното опремување на локацијата и околината“.

1

„Куќата е визуелен камен на сопнување, што ја набљудува околината како дрзок сосед, бариера за дивата градба и опустошеното опкружување. Таа им се спротивставува и го сече просторот со својата тектоника и едноставна форма без непотребни детали. Нејзината намера не е да се вклопи, туку да направи контраст, кој оптимистички бара нов правец“, вели архитектот Иван Асановиќ од бирото Архилог.

Стамена карпа стои свртен кон морето, одбивајќи се со фронтален ѕид од соседите, а од другата страна отварајќи се кон недопрената шума.

11

Импровизираниот пристапен пат, кој морал да минува низ одредени сопственички парцели и да совлада голема висинска разлика, навел со стеснувањето на приземјето во тој дел постепено да се отвора погледот кон морето и излезот од заливот. Ова одгризување на формата создало конзола која доминира со својот волумен и ги акцентира просторите за престој.

9

Падот на теренот е искористен за сместување на пристапниот пат и гаражата во делот на сутеренот, ориентиран и кон трасата на идната сообраќајница. По катовите се сместени две посебни трособни единици, со отворен тип на дневни зони и тераси со визури кон морето и шумата.

3

„Високите отвори му дозволија на амбиентот да доминира над чистата внатрешна распределба на просторот. Зоните за дневен престој се свртени кон северозападниот дел на парцелата, во кој се чувствува најголемата приватност во контакт со недопрениот амбиент и непречена инсолација во текот на денот“, вели архитект Ива Петковиќ од Архилог.

6

За чистата форма на куќата придонесува и хомогена материјализација во локален камен, едноводен традиционален поморски кров дава монументалност на изгледот на објектот, кој како да ја слева целата дождовница во базенот од предната страна.

7

Стаклените огради го направиле непречениот одраз на синилото на морето и зеленилото на шумата дел од ентериерот. Едноставноста на обликот и функцијата се компензира со „инвазијата“ на екстериерот во внатрешниот простор, што во белите ентериери делува уште повпечатливо.

4

„На овој начин се обидовме да го заинтригираме и запреме посетителот со едноставноста и смелата геометрија на објектот, истовремено враќајќи ги традиционалните архитектонски елементи и нивните односи во играта“, заклучуваат архитектите.

8 5

Испрати коментар

Scroll To Top