Во литванскиот град Каунаус се случи „кражба“. И тоа ни повеќе ни помалку кражба на месечината, благодарение на одличната идеја на уметникот кој работи под името Morfai. Дрвени рамки, заштитна најлонска навлака, селотејп, факели и LED лампи се материјалот потребен за овој потфат. Тој прозорците на старата зграда на литванскиот град ги претворил во инсталација со кристална визура на месечина. Прозорците ги покрил со најлонски заштитни навлаки, а зад нив ги запалил факелите, односно LED лампите.