Насловна / Архитектура / Модерен живот во непречен допир со околината

Модерен живот во непречен допир со околината

Овој објект е дело на австралиските архитекти Jason Gec и Jorja Gec, кои се членови на студиото Jarchitecture. Куќата се наоѓа во местото Рул, во Австралија, сместена во крајбрежен појас и се простира на 360 м2. Изградена е во 2015 година.

1-kuka-rul-vo-avstralija

Целата предна страна на оваа куќа е речиси целосно отворена т.е. застаклена, па така од таму се пружа извонреден поглед кон прекрасната природа и морскиот брег. Тоа е резултат на смелоста на клиентите и проектантите заедно, поради желбата за модерен живот на клиентите, кој ќе биде во непречен допир со околината.

2-kuka-rul-vo-avstralija

Оваа куќа е обликувана од повеќе кубуси кои навлегуваат и се сечат еден со друг. Почнувајќи од цврсти и полни кутии во задниот дел на куќата, секој кубус кој оди понапред и погоре губи по дел од својата цврстина и исполнетост. Така доаѓаме до крајниот преден дел кој е речиси целосно транспарентен.

3-kuka-rul-vo-avstralija

Внатрешноста на куќата, исто така, плени со својата просторност и транпарентност, разиграни на неколку нивоа просториите се редат логички и следствено. Дрвото како природен материјал ја игра главната улога во внатрешноста, што придонесува за убавината што може да се почувствува и од надвор.

4-kuka-rul-vo-avstralija 5-kuka-rul-vo-avstralija 6-kuka-rul-vo-avstralija 7-kuka-rul-vo-avstralija 8-kuka-rul-vo-avstralija 9-kuka-rul-vo-avstralija 10-kuka-rul-vo-avstralija 11-kuka-rul-vo-avstralija 12-kuka-rul-vo-avstralija 13-kuka-rul-vo-avstralija

Испрати коментар

Scroll To Top