Насловна / Архитектура / Монументална резиденција за малку поинаков одмор

Монументална резиденција за малку поинаков одмор

Villa Além се наоѓа во Португалија и е одличен приказ на специјална врска меѓу човекот, природата, модерниот дизајн и просторот за живеење. Објектот е проектиран од страна на архитектот Валерио Олгиати, како еден вид на оаза за одмор на едно семејство, кое инаку живее во швајцарските Алпи.вила во португалија_11

Се работи за монументален проект на куќа, која се наоѓа во средина на едно пространо „ништо“, но опкружена со бујна вегетација.вила во португалија_10

Акцентот е ставен на масивните бетонски ѕидови, отвореноста на просторот, како и спектакуларно издолжениот базен кој е централен дел од екстериерот. Како што вели самиот архитект, ентериерот во ова здание станува некако секундарен, но не помалку важен.вила во португалија_09

Минимализмот е она што ќе се најде во неговата внатрешност, но токму овој стил сјајно игра во овој робустен објект и естетски помалку груба животна средина која можеби нема да му се допадне на секого, но сигурно ќе фасцинира.

вила во португалија_08 вила во португалија_07 вила во португалија_06 вила во португалија_05 вила во португалија_04 вила во португалија_03 вила во португалија_02 вила во португалија_01

Испрати коментар

Scroll To Top