Архитектонското студио Kamran Heirati Architects од Иран осмисли совршена вила. Се работи за проектот наречен Villa Safadash, направен според ултимативните стандарди на естетиката на минимализмот.
Оваа вила се наоѓа во предградието на иранскиот град Карај, а со својот стил се истакнува во однос на соседните куќи и деловните простории. Во центарот на дејствието се наоѓа голем базен, кој поврзува два монолитни блока на вилата. Материјалот што доминира е секако бетонот, како во екстериерот, така и во ентериерот.
Ако го погледнеме дизајнот на ентериерот, повторно се среќаваме со минимализмот и доминантната нијанса на сивата боја, со по некој детаљ во боја, како што се жолтите двоседи кои ја „подигнуваат“ целата просторија за одмор. Додека долниот кат е резервиран за дневни активности, на горниот кат има неколку спални соби.