Насловна / Арт и дизајн / Montblanc и оддава почит на Елизабет Тејлор

Montblanc и оддава почит на Елизабет Тејлор

Montblanc одлучи да и оддаде почит на една од најпопуларните ѕвезди на класичната холивудска кинематографија.

Актерката Елизабет Тејлор се стекна со слава во 1940-тите, а до 1960-тите стана најплатената филмска ѕвезда. Таа својот талент и храброст како актерка ги докажала во филмовите „Клеопатра“ и „Мачка на врелиот лимен покрив“. Новото специјално издание Montblanc Muses Elizabeth Taylor во голема мера е инспирирано од естетиката на нејзиното време, како и од убавината и талентите на дивата.

1_resize

2_resize

Montblanc се потпира на уникатна техника на лакирање што ги покрива капата и цевката со темно виолетова боја со дезен на мермер за да им оддаде почит на прекрасните очи на Елизабет Тејлор и омилената боја на ѕвездата. Елизабет Тејлор, исто така, била љубител на скапоцен накит – што се рефлектира во прстенот со необична форма. Нејзината љубов кон скапоцените камења и дијамантите била исто толку позната како и многуте нејзини животни љубови. Во нејзината спектакуларна колекција на накит, можеме да најдеме историски парчиња, меѓу кои и џиновскиот прстен со дијамант од 33,19 карати (порано познат како Krupp дијамант), кој и го подарил Ричард Бартон.

3_resize

7_resize

Конус обложен со платината со геометриска гравура потсетува на типичен примерок на накит од 1950-тите, нешто што гламурозната дива би го одобрила. Прото за мастило Au 585 од полно злато преслечено со родиум има гравура со три збора „ДА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА“, во знак на сеќавање на нејзиниот трогателен говор на доделувањето на GLAAD медиумските награди во 2000 година, кој заврши со овие зборови.

Специјалното издание Montblanc Muses Elizabeth Taylor претставува симбол на забавата, културата, модата и филантропијата.

8_resize 5_resize

0_resize

4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top