Дизајнерите на луксузните брендови Montblanc и Ferrari го пренесуваат елегантниот изглед на легендарниот суперавтомобил Daytona SP3 на оригинален инструмент за пишување.
Ferrari и Montblanc не се непознати еден на друг, бидејќи претходно соработуваа за да му оддадат почит на легендарниот „татко“ на италијанските автомобили, Енцо Ферари, со јубилеен сет на мастилни пенкала. Како што се испостави, нивната претходна соработка била само почеток, бидејќи најновиот модел на Montblanc е сосема поинаков од кое било пенкало што сме го виделе досега.
Со ова иновативно мастилно пенкало, брендот за луксузни додатоци се надева дека беспрекорно ќе ги прикаже дизајнерскиот јазик и филозофијата на Ferrari. Единствената црвена острица е формиранаод рефлектирачка скапоцена црвена смола и ја пренесува енергијата на течните светла Daytona SP3. Montblanc x Ferrari Stilema SP3 се одликува со рачно изработено перо од бело злато Au 750 и скриен механизам за полнење за дискретно задржување на мастилото. SP3 гравурата ја нагласува заедничката соработка, додека непогрешливото Ferrari лого е на капакот.
Слично како легендарниот Daytona SP3, самото пенкало е ограничено на 599 парчиња ширум светот, бидејќи брендот го смета за „литерарано признание на големиот пионер“.
Иновативното ограничено издание Montblanc x Ferrari Stilema 3 е достапно во Montblanc eshop за цена од 27.000 долари.