Насловна / Архитектура / Mont-Laurier мултифункционален театар во Канада, одлично дело на „ФАБГ“ ахитекти

Mont-Laurier мултифункционален театар во Канада, одлично дело на „ФАБГ“ ахитекти

Насоките на архитектонскиот конкурс иницирани од страна на локалната непрофитабилна заедница, ја истакна потребата за повеќенаменска сала која ќе служи за традиционални уметнички настани, но и за низа други настани како кабареа, банкети, корпоративни настани и саеми.

1-fleksibilen-teatar

Капацитетот на салата варира од 270-700 седишта, зависно од тоа дали се одржуваат театарски претстави, училишни приредби, различни концерти итн. Бруто површината на проектот изнесува 3.500 метри квадрати.

2-fleksibilen-teatar

Салата е поделена на три дела, кои меѓусебно се комбинираат со серија на механизми за лесно и ефикасно реструктурирање. Делот што е најблиску до сцената, се состои од платформа која има одредени седишта поставени над шини. На средниот дел има телескопски седишта кои се вовлекуваат за да се обезбеди дополнителен простор зависно од потребите. Додека задниот дел од салата располага со мезанин од 184 седишта, чиј парапет може да се отстрани.

3-fleksibilen-teatar

Проектот нуди нов културен модел за тоа дека регионалниот развој постепено ја брише линијата меѓу експериментален театар, собирен центар и концертна сала. Тоа претставува постојан процес на трансформации, кој на заедницата и нуди различни уметнички изведби, корпоративни настани и социо-културни активности секој ден во текот на годината.

4-fleksibilen-teatar

5-fleksibilen-teatar

6-fleksibilen-teatar

7-fleksibilen-teatar

Испрати коментар

Scroll To Top