Насловна / Арт и дизајн / Монструозно бришење на културното наследство на просторот на Сирија и Ирак

Монструозно бришење на културното наследство на просторот на Сирија и Ирак

Islamic State Ancient Sites Photo Gallery

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, во војните дејствија е уништен значаен дел од непроценливото културно наследство кое се наоѓа на просторот на оваа земја. Со појавата на таканаречената Исламска држава, уништувањето на материјалните остатоци од различни епохи на човековото минато на просторот на Ирак и Сирија, стана планско и темелно, и се здоби со досега невиден монструозен карактер.

Од своето основање, самопрогласената Исламска држава пристапи кон уништување на голем број древни структури, локалитети и артефакти, оправдувајќи ги своите постапки како субјективно толкување на Исламот. Според толкувањето на ИДИЛ, уништените споменици претставувале „симболи на идолопоклонство“, односно „навреда за Мухамед“. Паралелно, апсолутно сите локалитети и музеи кои се наоѓаат на просторот што го контролира ИСИЛ, се изложени на постојани грабежи. Значи, на нејзините членови, идеолози и водачи не им претставува проблем тоа што на остатоците на тоа минато добро заработуваат. Според некои информации, предводниците на Исламската држава со продажба на археолошкото наследство и други предмети од културното наследство, обезбедуваат дел од парите за купување на оружје.

Екстремистите од т.н. Исламска држава (ИДИЛ/ИДИС) за само неколку дена уништиле или сериозно оштетиле некои од најзначајните споменици на светското културно наследство. Според достапните информации, древниот асирски град Нимруд, кој е основан во XIII век пр.н.е., во значителна мера е срамнет со земја. Во сè уште непознат обем се разорени и до неодамна извонредно сочуваните остатоци од Хатра, древниот асирски град Дур-Шарукин во близина на Хорасбад, како и дел од историскиот ѕид и капијата Ниргал на локалитетот Нинива. Припадниците на ИДИЛ објавиле пропагандна снимка на која го забележале сопственото дивеење во музејот Мосула, каде со чекани, палки и дупчалки во потполност уништиле значаен дел од експонатите, како и две монументални статуи на локалитетот Нинива.Mideast Iraq Islamic State

„Борците на групата Исламска држава Ирак и Левант, ги пљачкосуваат древните места ширум Ирак и Сирија, и го продаваат културното богатство на посредниците“, изјавила директорката на УНЕСКО Ирина Бокова. Петтина од приближно 10.000 светски познати ирачки древни места, над кои ИДИЛ има контрола, се опљачкани, а сè уште не е познато што се случува во многу други подрачја, изјавила Бокова на состанокот на експертите од Royal United Services Institutea, кој се одржал во Лондон.

Некои места во Сирија во толкава мера се ограбени, што веќе немаат никаква историска ниту археолошка вредност, а УНЕСКО е исклучително загрижен и за културното наследство во Либија. На подрачјето на самопрогласениот халифат на Исламската држава во Ирак и Левант се наоѓаат некои од најбогатите археолошки наоѓалишта во светот. Халифат ги опфаќа подрачјата на кои има остатоци од асирското царство, остатоци од грчко-римската цивилизација, и на кои со векови коегзистирала муслиманската и христијанската култура. Припадниците на ИДИЛ се фалат со уништувањето на вредните дела од културното наследство на видеоснимките, па објавуваат фотографии на девастираните градови и древните места на интернет-страниците.kulturno nasledstvo_04

Нимруд

Древниот асирски град Нимруд, основан во 13 век пр.н.е., е речиси срамнет со земја. Дел од скулптурите и релјефите од локалитетот Нимруд се однесени со камиони, пред припадниците на ИД да ги уништат остатоците од овој град. Нимруд е мета на екстремистите уште од почетокот на јуни минатата година, кога Исламската држава го зазема Мосул и провинцијата Нинива на северот на Ирак.kulturno nasledstvo_12

Дур-Шарукин

Исламистите, исто така, во досега непознат обем, го уништија древниот асирски град Дур-Шарукин во близина на гратчето Хорасабад, како и капијата Ниргал и дел од историскиот ѕид на престолнината на новоасирското царство – Нанива, која инаку беше еден од најзначајните и најголеми градови на стариот Исток.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Дура Еуропос

Прочуениот локалитет чии остатоци лежат на брегот на Еуфрат во југоисточна Сирија, и кој заради зачуваноста во стручните кругови е наречен „Помпеина пустина“, е разрушен и ограбен до непрепознатливост. Овој древен град е основан во третиот век пр.н.е. и локацијата е од голема важност за проучување на етничката и религиската разноликост, бидејќи како значаен центар на трговијата бил космополитски град. Овде е откриен досега најстариот христијански објект во светот, односно остатоци од најстарата црква. Меѓутоа, во изминатиот период пљачкашите во потполност го прекопале подрачјето во потрага по вредностите.ACER

Мари

Еден од најстарите градови во светот – Мари, кој претставувал моќен град-држава во третиот век пр.н.е., исто така е уништен и опљачкан. Тој се наоѓа на брегот на Еуфрат во Сирија, недалеку од границата со Ирак. Градот е значаен заради откритието на единствената библиотека која броела околу 25.000 глинени плочки и која, всушност, претставувала административна архива на овој град-држава.kulturno nasledstvo_07

Тел Брак

Еден од најголемите локалитети на северна Месопотамија, лоциран на североисток на Сирија – Тел Брак (древен Нагар), кој зазема огромна површина од околу 130 хектари, исто така е ограбен и во најголем дел уништен. Овој значаен археолошки локалитет станал прочуен по откривањето на храмот Ока.

kulturno nasledstvo_09

Рака

Во градот Рака во северна Сирија, која претставува некој вид центар и главно упориште на Исламската држава Ирак и Левант, екстремистите со експлозив разрушиле неколку џамии и други верски објекти.kulturno nasledstvo_23

Тикрит

Во овој град во потполност е уништена древната асирска црква позната како Зелена црква, изградена во 13 век.kulturno nasledstvo_20

Мосул

Во Мосул е уништена универзитетската библиотека која содржела многу вредни книги, гробницата на познатиот арапски филозоф од 12 век Ibаn al-Athir, џамијата на пророкот Jone, изградена на местото на кое, според преданието, се наоѓал неговиот гроб и која била место на поклонение на муслиманите, христијаните и Евреите.kulturno nasledstvo_13

Хатра

На списокот на светското културно наследство уште од 1984 година се наоѓаат монументалните остатоци на Хатра, основани во третиот век пр.н.е. За жал, и остатоците на овој древен град што се одликуваат со единствена архитектура која претставува комбинација на различни влијанија, исто така се во голема мера уништени.Iraq - Hatra - Marn Temple, 80 a.c.

Палмира

Ектремистите уништиле и два големи мавзолеи во античкиот град Палмира, а во една од уништените гробници е погребан Мухамед Бин Али, потомок на имамот Алија, роднина на пророкот Мухамед. Другата гробница му припаѓа на научникот Nizar Abuu Bahaedin кој живеел пред 500 години. Овој древен град долго бил пресуден за караваните што поминувале низ сириската пустина и уште се спомнува во Библијата како пустински град кој го изградил јудејскиот крал Саломон, синот на Давид.

 

Испрати коментар

Scroll To Top