Модерната архитектура во последниве години, како да е дел од иднината што доаѓа. Токму таква е монолитната семејна куќа Montebar Villa, која се наоѓа на една осамена падина во швајцарските Алпи. Интересното во целиот проект е што целата конструкција, изградена од еден блок од камен во потемна боја, заедно со затворените прозорци претставува единствена целина.
Идиличната локација овозможува влез на сончева светлина во сите делови на куќата во текот на денот, што денес е многу пожелно и барано.
Ова модерно здание има три спални соби, работна соба, дневна соба, две бањи и перална, и во текот на топлите месеци предниот дел на куќата може да биде целосно отворен, кој потоа може да служи како еден вид тераса и продолжение на дневниот дел на отворено. Ова одлично архитектонско решение е потпишано од страна на познатото миланско студио JM Architecture.