Ремоделирањето на овој стан, сместен во повеќесемеен станбен комплекс во Киев, претставува дело на дизајнерката Olena Yudina.
Генерално, апартманот е поделен на два основни сегменти – приватен и јавен. Сервисните простории се организирани долж тесен и долг коридор, додека остатокот од просторот е дизајниран како катче за престој, кое ги опслужува дневниот престој со дневната и трпезаријата, спалната, работната соба и бањата.
Монохроматскиот израз го дефинира основниот фокус при доживувањето на ентериерот. Како основни бои се применуваат црната, белата, нијанси на сивата и ситни детали на зелена боја и дрво, создавајќи налик на еко средина.
Во секоја од просториите се појавуваат фрагменти од тула, кои како целина ги поврзуваат сите простории во единствен простор. Употребениот мебел е минималистички и едноставен, не наметнувајќи се на хармоничниот и прочистен дизајн.