Во салата на Соборниот храм на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, утре во 13 часот ќе биде промовирана колор-монографијата за манастирот „Свети Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов.
За најновото дело на познатиот научник ќе говорат поглаварот на МПЦ господин господин Стефан и претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, а поздравна реч ќе одржи д-р Елизабета Канческа Милевска, министер за култура во Владата на Република Македонија.
Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.