Марко Брајовиќ, српски архитект, кој живее и работи во Бразил, ја проектирал „Monkey House“, дрвена колиба поставена меѓу дрвјата Парати, во тешко пристапен дел на бразилската Атланска шума, како засолниште за неговите пријатели за време на пандемијата.
Идејата за дизајнот, Брајовиќ ја добил гледајќи како палмите Jucara, ги користат своите корени за да го прицврстат своето тенко стебло на земја. Скриена меѓу крошните на палмите, колибата своето име го добила по семејство на мајмуни Капучинери, кои до неодамна беа на работ на истребување.
Архитектот за рамката на куќата го избрал дрвото Garapeira – тропско дрво со темна боја. А стрмниот двоводен кров на колибата е направен од Galvalume, челик кој се користи во овие краишта.
Внатрешноста содржи повеќе видови дрво, а завесите се всушност, рибарски мрежи купени од локалното население. Мебелот е мешавина на јапонски дизајн и предмети изработени од Guarani, староседелци од јужен Бразил и Парагвај.
Куќата е поделена на две нивоа. На катот се сместени спалната соба и бањата, а големата дневната соба на приземјето, може да се користи како дополнителна спална соба за гости, покрај дневната соба тука се и помала трпезарија и кујна.
Прозорците го прекриваат предниот дел на куќата, а стреите на кровот ја штитата куќата помеѓу дрвјата.