Монголските градини претставуваат карактеристични исламски градини. Стилот на овие градини е сличен на персиските градини. Основна карактеристика на овие градини е тоа што се градат во геометриски стил, со правоаголни форми во рамките на едно пространство. Водните елементи како базени и фонтани се задолжителен елемент во овие градини. Најчесто се поставени во средина за да го имаат фокусот.
Овие градини се комбинација на повеќе влијанија низ времето, па така има елементи од средновековната исламска градина, но има и номадски влијанија. Така на пример, од средновековните исламски градини се преземени високите огради со кои градините се изолираат од остатокот од светот. Тие се формални, каде главен елемент е протечната вода. ж
Номадското влијание кај овие градини е пресликано преку примената на стилизирани настрешници и килими во градините. Палатите и статуите се изработени во грандиозни димензии со цел да се демонстрира богатството и моќта на сопственикот.
Постојат два типа на монголски градини од кои првиот вид претставува парк, кој е организиран околу монументална гробница (Таџ Махал), додека вториот вид е изоставена монументална структура (градината Нишат, градината Кашмир). Кај првиот тип гробницата е подигната на најдалечниот крај од градината, целиот простор е заграден со масивни ѕидови, а влезот е преку монументална порта, најчесто поставена на јужната страна.
Конкретно, кога била изградена градината во Таџ Махал, таа била целосно оплеменета со најразлични видови на дрвја, палми и цвеќе. Таа била замислена како рајска градина каде во фокусот би се наоѓала фонтана која ја дели градината на четири дела.
Вториот тип на монголската градина е дизајниран како место за одмор и релаксација на отворено. Градините се поделени на помали плоштади во правоаголна форма. На нив се подигнати фонтани, настрешници и киосци. Тоа што е карактеристично за овој вид на уредување е стремежот кон создавање нешто големо и сјајно со голем број на монументални детали.
Овој градинарски стил е многу чест во Индија, Бангладеш и Пакистан, кои по својот печат се разликуваат од градините во Централна Азија.Од создавањето на Монголската империја (1526) изградбата на вакви градини претставувало презентирање на моќ на владетелите. Првиот монголски освојувач Бабур ги има изградено градините во Лахоре и Добур.
Владетелот Џахангир ја создава градината Шалимар, која е позната по големата збирка на цвеќиња. Врвот на монголските градини е градината на Таџ Махал, изградена да го претстави рајот на земјата и односот помеѓу животот и смртта.