Насловна / Арт и дизајн / Мона Лиза: Вредноста на сликата на Леонардо во денешни пари е запрепастувачка

Мона Лиза: Вредноста на сликата на Леонардо во денешни пари е запрепастувачка

Ако побараме од некој да ни ја каже првата слика што ќе му падне на ум, тогаш одговорот веројатно би бил Мона Лиза на Леонардо да Винчи.

Прочуеното уметничко дело кое се наоѓа во музејот Лувр во Париз создадено помеѓу 1503 и 1506 година во Фиренца и денес го препознаваат речиси сите на планетата.

л2

Ако некој го посети Лувр, веднаш ќе сфати дека неговата најголема атракција е оваа слика. Илјадници туристи секојдневно се редат за да ја видат и да и се восхитуваат одблиску. Но, зошто Мона Лиза е толку позната?

Многу се зборува за изгледот, но и за насмевката на жената која ја насликал Да Винчи. Техниките што ги користи мајсторот на италијанската ренесанса се единствени и пионерски. Сликата ги ревидирала правилата на уметноста и за неа се дебатира и денес.

л3

Оваа слика успеа да влезе дури и во поп културата и да се најде на постери, маици, чаши, филмови, па дури и чоколади. Колку би можела да вреди оваа слика сега? Вистина е дека е многу тешко да се процени точно и сигурно е дека во блиска иднина нема да се продаде на никого.

Она што го знаеме е дека во 1962 година Мона Лиза била осигурана на астрономска сума од 100 милиони евра. Што значи ова практично? Ако се земе предвид инфлацијата, тогаш во денешни пари вредноста на сликата би достигнала 867 милиони евра или барем за таа сума би била осигурана.

л

Да потсетиме, најскапата слика некогаш продадена е уште едно дело на Леонардо да Винчи, Салватор Мунди. На сликата го гледаме Исус во сина ренесансна туника со стаклена кугла во рака. Продадена е за 450 милиони долари на „непознат“ купувач во 2017 година, а оттогаш има многу полемики околу сликата.

Испрати коментар

Scroll To Top