Насловна / Арт и дизајн / Мона Лиза станала славна по кражбата на векот

Мона Лиза станала славна по кражбата на векот

Пред кражбата, Мона Лиза не била особено позната слика, особено за луѓето надвор од уметничкиот свет. Леонардо да Винчи ја насликал некаде помеѓу 1503. и 1517. година, но критичарите почнале да ја толкуваат како ремек-дело на ренесансниот сликар дури во 1860-тите години.

Во тоа време, Мона Лиза не била ниту најпозната слика во својата галерија, а не во светот. И тогаш се случила уметничка кражба на векот.

Италијанскиот работник Виченцо Перуџа отишол во музејот Лувр во Париз со двајца асистенти со намера сликата да ја украде, препродаде и да живее удобно до крајот на животот. Тоа бил 21. август 1911. година.

1_resize

Виченцо Перуџа 

Ремек-дело под мантилот

Тој ден, водоводџија кој работел во познатиот париски музеј наишол на човек кој стоел пред вратата и не можел да ја отвори бидејќи немало квака. Водоводџија позната како Саувет, го искористил својот клуч и клешти за да му ја отвори вратата на човекот облечен во бел мантил, односно униформа која ја носел персоналот на Лувр. Без знаење на Саувет или некој друг, непознатиот маж ја изнел вредната слика, која била скриена под неговиот мантил, пишува nationalgeographic.com.

Никој не ја забележал кражбата

Никој не бил ни свесен за кражбата до следниот ден.

Во моментот на кражбата, Мона Лиза била толку занемарена слика, што никој од вработените во Лувр дури и не забележал дека исчезнала – цели 28 часа!

Сликар по име Луи Беруд го открил овој скандал. Тој дошол во музејот да ја слика Мона Лиза по примерот на Леонардо, а кога видел дека не е таму, се обидел да открие зошто ја нема сликата.

Сфаќајќи дека е украдена, службениците го вклучиле алармот, а полицијата набрзо под сервисните скали, пронашла стаклена кутија која ја штитела сликата.

3_resize

Во тоа време, безбедноста на просторот и уметничките вредности биле на ниско ниво, особено кога станува збор за слика (тогаш незначајна) на Мона Лиза. Како и да е, оваа кражба ја заинтригирала јавноста, а како што минувале деновите, а докази не биле пронајдени, така сензацијата сè повеќе растела. Полициските службеници кои го барале крадецот се сметале за неефикасни. Во еден момент, дури и славниот Пабло Пикасо бил обвинет и испрашуван од полицијата.

Откако Лувр ја потврдил кражбата, Мона Лиза одеднаш се нашла на насловните страници на весниците низ целиот свет. „New York Times“ кражбата ја нарекол национален скандал.

Француските весници ги обвиниле американските милионери, а некои дури тврделе дека Германија стои зад сето ова.

Покрај тоа, никој не можел да го разбере мотивот за кражбата. Помошникот-кустос, извесен Бенедит, изјавил: „За мене е мистерија зошто некој воопшто ја извршил кражбата, затоа што сметам дека сликата е безвредна во раце на една личност“.

Кога седум дена по кражбата, Лувр повторно се отворил, лута толпа луѓе веднаш се упатила кон празното место на сликата – место кое наскоро станало „знак на срам“ во Париз.

4_resize

француски инспектори на место на злосторот

Тројца крадци

Во меѓувреме, крадците веќе ја сокриле сликата. Тоа биле тројца Италијани: двајца браќа, Виченцо и Микеле Ланчелоти и водачот, Виченцо Перуџа. Виченцо воедно бил мајсторот кој го поставил заштитното стакло на Мона Лиза.

Овие тројца млади италијански мајстори дошле во Лувр еден ден порано и се сокриле во мал магацин во близина на галерија полна со ренесансни слики. Следното утро влегле во галеријата и ја зграпчиле малата слика од ѕидот. Тие ја отстраниле заштитната стаклена кутија, и рамката и ја сокриеле сликата под мантилот на Перуџа. Потоа едноставно излегле на споредниот влез на Лувр, тогаш најголемата зграда во светот со повеќе од 1.000 соби и само 150 чувари.

Анонимна дојава

Неколку месеци пред кражбата, Лувр добил анонимна закана во која се наведувало дека Мона Лиза ќе биде уништена (од непознати причини). Вработените во музејот веднаш ангажирале компанија да го постави заштитното стакло на сликата, компанија во која работел и главниот ум на кражбата – Виченца Перуџа.

Пред овој настан, Перуџа веќе двапати бил апсен во Париз – еднаш додека се обидувал да ограби проститутка, а втор пат затоа што во тепачка извадил пиштол. Извори наведуваат дека тој често зборувал за тоа дека сака да биде нешто повеќе од градежен работник. Кога се појавил на суд во 1914. година поради кражбата на Мона Лиза, обвинителството го нарекло обичен молер. Во тој момент Перуџа налутено извикал дека е „pittore“, односно уметник.

ap110112031056

После кражбата, тој ја сокрил сликата во лажниот под во неговиот стан во Париз, а кога полицијата го испрашувала како еден од вработените во музејот, тој не оставил впечаток дека е крадец. Дури и излажал и рекол дека за кражбата дознал од весници и дека тој ден на работа пристигнал подоцна, затоа што претходната ноќ многу пиел. Полицијата му поверувала и се свртела кон следниве двајца осомничени: Пабло Пикасо и поетот Гијом Аполинар. И тие наскоро биле ослободени, а полицијата уште еднаш останала без трага.

Враќање на Мона Лиза

Дваесет и осум месеци откако ја украл од Лувр, Перуџа конечно решил да ја продаде Мона Лиза на уметнички продавач во Фиренца. Но, трговецот бил сомничав, па го повикал шефот на италијанската уметничка галерија да ја погледне сликата. Печатот на задната страна ја потврдил нејзината автентичност.

„Во ред, оставете ја кај нас и ние ќе се погрижиме да ја добиете наградата“ – му рекле на Перуџа трговецот и неговиот партнер. Тој си отишол дома и по половина час наместо награда, ја затекнал полицијата на врата. Подоцна тој рекол дека само сакал да ја врати сликата во Италија – дека тој бил патриот кој само се обидел да ја врати Мона Лиза во земјата на нејзиното раѓање.

Сликата веднаш е вратена во Лувр, а Перуџа се изјаснил за виновен и му била изречена казна затвор само една година и 15 дена, казна која подоцна била намалена на седум месеци и девет дена. Од овој момент, Мона Лиза веќе не била само едно од многуте дела во музејот, таа стана светски позната слика.

Во Првата светска војна, Перуџа бил заробеник на австро-унгарската војска, а во 1921. година добил ќерка Селестина, која по славната слика ја викал – Џоконда.

Испрати коментар

Scroll To Top