Насловна / Арт и дизајн / „МоМА“ во Њујорк ќе претстави скејтборд потпишан од Енди Ворхол

„МоМА“ во Њујорк ќе претстави скејтборд потпишан од Енди Ворхол

andy-warhol-skate-decks-art-basel-01-1200x800

Музејската продавница на „МоМА“, оваа година ќе се претстави за прв пат на познатиот уметнички саем Art Basel Miami Beach и тоа со интересна идеја.

На својата прва презентација во Мајами, „МоМА“ shop ќе претстави примероци на скејтборди со принтови од мотиви од творештвото на Ворхол, како што се славната лименка „Кемпбел“, златната „Мерилин Монро“, како и други дела на овој познат уметник.

По тој повод, „МоМА“ ќе организира и „скејт просторија“ во хотелот „Делано“, каде што ќе бидат изложени овие дела на ѕидовите. Сите што ќе сакаат да имаат примерок од оваа серија во својата колекција, ќе треба да го запишат датумот 2 декември во своите агенди, бидејќи од тој датум ќе бидат достапни за купување.

Испрати коментар

Scroll To Top