Музејот на модерната уметност во Њујорк MoMA (Museum of Modern Art) поставува изложба посветена на архитектурата во поранешна Југославија. Изложбата е насловена „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија во периодот 1948-1980“ (Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948–1980 ). Се работи за прва изложба во САД во чест на архитектурата во овој социјалистички период. Изложбата опфаќа повеќе од 400 цртежи, макети, фотографии и филмови од општински архиви, семејни колекции и музеи кои за прв пат се претставуваат пред меѓународен аудиториум. Ќе бидат претставени делата на водечките југословенски архитекти од споменатиот период, меѓу кои и нашиот Јанко Константинов. Ќе се истражува и „брзата урбанизација, технолошкото експериментирање, конзумеризмот, спомениците и други обележја на југословенската архитектура“. Изложбата се отвора на 15ти јули и ќе трае до 13ти јануари 2019.