Музејот на модерна уметност во Њујорк МоМА на 21. октомври ќе го отвори својот проширен кампус, проектиран од бирото Diller Scofidio + Renfro во соработка со Gensler.
Проектот за проширување и реновирање обезбедува повеќе простор, со што се зголемува изложбениот простор за 30 отсто, подобрувајќи ги условите за на посетители и поврзувајќи го просторот со градот. Според зборовите на директорот на МоМА, Glenn D. Lowry, целта на музејот е да стане , „лабораторија за проучување и презентација на уметноста на нашето време, во сите визуелни уметности“.
На влезот во лобито со твовисински простор, скалите Баухаус се продолжени од вториот кат за да се подобри врската со галериите, а северниот ѕид, сега застаклен, нуди нов поглед на Градината на скулптури од новиот салон.
Главното лоби е унапредено за дочек на посетителит. Приземјето го поврзува Музејот со градот преку нови улични – изложбени места, а циркулација во објектот е подобрена со додавање скали и лифтови.
Галериите на колекции се прошириени на втор, четврти и петти кат. МоМА воведува нови простори, како галерии на современата уметност, студио за програм во живо и претстави, како и лабораторија за креативност во образованието.