Насловна / Архитектура / MoLo во Милано – петкатен паркинг скриен зад зелена фасада

MoLo во Милано – петкатен паркинг скриен зад зелена фасада

Кинеското биро MAD Architects, во соработка со локалните архитекти Andreа Noni и фирмата Open Project, како и инженерската компанија Progec, го потпишуваат проектот за објектот MoLo, повеќекатен паркинг чија надворешност ќе се карактеризира со скали од полиран челик и мноштво растенија.

3

Центарот за мобилност и логистика, наречен MoLo (кратенка од Mobility and Logistic), ќе биде изграден на западната граница на иновативниот дистрикт на Милано (MIND) – кварт посветен на „современи научни истражувања и образование, како и бизнис и објекти за разонода“.

ПЕТКАТЕН ПАРКИНГ ЗА 1.500 АВТОМОБИЛИ

Зградата од 68.700 квадратни метри, чија изградба е предвидена да започне во септември, ќе обезбеди едукативен простор посветен на мобилноста, како и голем паркинг за потребите на корисниците на просторот, како и на сите оние кои го истражуваат соседството.

1

Според архитектите од MAD, седумкатниот комплекс MoLo ќе биде висок 28.5 метри и долг 170 метри, а петкатниот паркинг простор ќе има капацитет за 1.500 автомобили.

„MoLo е проектиран да претставува гостопримлив простор за едукација за мобилноста, а притоа на посетителите да им овозможи да го остават својот автомобил на безбедно место и да ја истражуваат областа пеш и лично да ја согледаатда иновативна технологија на транспорт“ велат од MAD Architects за Dezeen.

4

Планирано е MoLo однадвор да има фотоволтаични панели на површина од над 8.000 метри квадратни, со што значително ќе придонесе за обновливата енергија во областа.

Објектот ќе го краси и сет скулптурални скали од полиран челик.

2

КОРИДОР ШТО ГИ ЗАМАГЛУВА ГРАНИЦИТЕ

MoLo ќе содржи и 3.000 квадратни метри деловен простор на приземје, покрај лабораториски простор, канцеларии и супермаркет.

Ходник од отворен тип ќе го раздвојува приземјето минувајќи низ центарот на зградата, а според MAD овој коридор има за цел да воспостави врска со блискиот парк Rho-Arese, но исто така и да ги замагли границите помеѓу затворениот и отворениот простор.

5

Испрати коментар

Scroll To Top