Насловна / Арт и дизајн / Молив со префинета естетика – Carbonara Pencil (видео)

Молив со префинета естетика – Carbonara Pencil (видео)

Кога станува збор за инструменти за пишување или цртање, моќен молив секогаш е во центарот на вниманието. Овој пат се работи за бирото за индустриски дизајн BoO Barcelona кое го создаде ексклузивниот молив Carbonara Pencil. Речиси целосно направена од карбон, механичкиот молив добил стилизиран дизајн и генијален инженеринг.

3_resize

Креиран од еден блок карбон, овој иновативен молив содржи две празнини од двете страни, кои се одвоени со столб поставен во средина. Едноставен притисок на издолжениот отвор го спушта срцето на моливот, што го прави многу лесен за употреба. На неговиот врв се наоѓа 5000-series алуминиум, обложен со материјал Cerakote.

1_resize

Carbonara Pencil тежок е 7.3 грама, а доаѓа во два финиша – Glossy Silver и Matte Black. Мочивот е лесен и мошне робусен, што го прави идеален са скицирање и цртање.

7_resize

Дизајнот на молив произлегува од концептот на обратна стегалка, со притискање на карбонското цилиндричното тело, алуминиумскиот врв се издвојува доволно за да ја позиционира мината, а во мирување мината останува цврсто фиксирана во средишниот дел.

8_resize

4_resize

Леснотијата и одличните механички својства на материјалот плус дизајнот, постигнуваат одличен резултат- молив, отпорен, но флексибилен, лесен и издржлив со префинета естетика.

Моливот е дело на дизајнерите Migel Teher, Gerard Arke и Oriol Gener.

Испрати коментар

Scroll To Top