Насловна / Вести / „Моќта на Сибир“ – најголемиот гасовод на светот, наскоро ќе биде завршен

„Моќта на Сибир“ – најголемиот гасовод на светот, наскоро ќе биде завршен

Еден од најдолгите гасоводи на светот „Моќта на Сибир“, кој ќе испорачува руски гас до Кина, речиси е завршен, бидејќи се изградени 93% од работите. Завршени се 119 оперативни гасни бунари на гасното поле Чајадинскоје во Јакутија, каде се инсталира клучната технолошка опрема. Над 2.000 километри од гасоводот се заварени и положени на трасата од Јакутија до руско-кинеската граница.

Гасоводот „Моќта на Сибир“ кој исто така се нарекува и „Источна рута“, е еден од главните проекти на инфраструктурно поврзување помеѓу Русија и Кина, а би можел да и помогне на Русија да стане еден од главните снабдувачи на Кина со природен гас, со оглед дека побарувачката на енергија во оваа замја бележи сериозен раст. Гасоводот со вкупна должина од 3.000 километри ќе биде подолг од растојанието пмеѓу Москва и Лондон, а првите испораки треба да стартуваат кон крајот на 2019 година.

За постигнување на договор за „Источната рута“ било потребно повеќе од една деценија.
Siberia1

Siberia2

Siberia4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top