Насловна / Архитектура / Моќта на колоритноста во текстилната работилница Long goy во Тајланд

Моќта на колоритноста во текстилната работилница Long goy во Тајланд

Архитектонското студио со седиште во Тајланд, Шер Мејкер, предводена од архитектите Тонгчаи Чансамак и Патчарада Инпланг, беше нарачана да го дизајнира седиштето на брендот Лонг гој, што во превод значи „пробајте“ на северниот тајландски дијалект. Објектот се наоѓа во Чианг Маи, планински град во северен Тајланд.

2-copy-1 3-copy-1

7-copy-1

8-copy-0

9-copy-0

Архитектите обрнаа внимание на мотото на брендот, Long goy, и го развија проектот од локални културни корени за да создадат модерни и експериментални изрази, користејќи живописно сино и внесувајќи интересна минималистичка естетика.

12

10-copy-0

17

24

Комплексот Long Goy Studio дизајниран од Шер Мејкер (Sher Maker) е куќа за улична мода со седиште во Чианг Маи во која се сместени сите аспекти на брендот, од дизајнерски работи до текстилни работилници, производни и изложбени простори за складирање и дистрибуција на облеката.

 

Под влијание на традиционалната архитектура надополнета со модерни техники,  севкупно се диктира формативниот аспект. Брановидноста на фасадното обликување во комбинација со локалното дрво, обоено со живописни тонови на сино со акцентирани нијанси на црвено, алудира на претходната намена (објект за складирање на ориз) што претходно стоела на ова место (реинтерпретирана и реконструирана како градинарски павилјон, на дното од комплексот).

Long goy значи пробајте го на северен дијалект, што покрај тоа што ја пренесува техниката на брендот која се разви од културните корени на Lanna преку обликот на модерната модна смисла, укажува и на храброста секогаш да експериментирате.нови работи.

18

14

16

15

17

19

Long goy Studio е простор за поддршка во креирањето дизајнерски парчиња облека. Работилницата за шиење зафаќа голем дел од објектот. При тоа, тенденцијата е со двовисинскиот простор да се обезбеди воздухот да циркулира непречено во текот на работното време. Фасадното обликување на речиси целиот комплекс е транспарентно, со ритам од стаклени отвори кои овозможуваат навлегување на природна светлина од северната страна на објектот. Но, кон надворешноста на зградата, таа има за задача да го заштити работниот простор од јужното сонце во текот на денот. Слично на процесот на шиење на облеката со намерно вртење на шевовите и се заснова на техниката на двострано плисирање за да се создаде различна перцепција на секоја страна од објектот.

20

23

26

На крајот од производниот комплекс се наоѓаат студискиот простор и изложбениот салон, транзитирајќи преку атриумот. Затоа, овој проект LONG HOUSE, е своевидна  приказна на проектирање внатрешни работни простори кои лесно гравитираат во согласност со производниот процес, но на суптилен начин, кој емитира смелост за експериментирање, како во дизајнерските парчиња, така и во архитектурата во која се креираат.

Испрати коментар

Scroll To Top