Насловна / Арт и дизајн / Moka Express, ремек-дело на италијанскиот дизајн

Moka Express, ремек-дело на италијанскиот дизајн

Пред 90 години, Alfonso Bialetti создал еден од најлегендарните предмети на италијанскиот дизајн, внесувајќи еспресо во домовите. Оттогаш се продадени стотици милиони негови Moka Express, благодарение и на иновативната стратегија за рекламирање.

005

„Погледнете колку малку е потребно за да се направат луѓето среќни, половина шолја кафе…“. Со овие зборови Eduardo De Filipp го завршил својот познат монолог во вториот чин на италијанската комедија „Духови, италијански стил“. Во овој монолог ги фалел бесценетите доблести на пијалокот во боја на „калуѓерска наметка“ што неговиот лик, Pasquale Lojacono, внимателно го подготвувал и го пиел на својот балкон.

002

Alfonso Bialetti во 1933 година, во својата работилница во Crusinallo, Италија, создал предмет што ќе ги направи него и неговата компанија познати ширум светот: Moka Express – апарат за кафе под притисок кое се подготвува на шпорет и кој секому овозможува да направи добро старо еспресо дома.

6

Moka го дибил името по градот Mocha во Јемен – една од првите области за производство на кафе. Италијанскиот поет Giuseppe Parini подсетува на ова во своите стихови Il Mattino, кога ги слави доблестите на „чистиот пијалок“ што доаѓа од Алепо „и далечната Мока“. Се вели дека идејата за дизајнот му дошла на Bialetti додека ја гледал својата сопруга како пере алишта со стара lisciveuse – едноставен, но ефикасен предок на машината за перење што се состоела од сад во кој се варела водата и потоа се испуштала низ цевка.

11

Од ова инженерот Alfonso Bialetti црпел инспирација да го создаде својот легендарен апарат за кафе. Во осмоаголно алуминиумско тенџере – материјал што им бил драг на футуристи во тоа време – водата се загрева, врие и се крева додека не се сретне со меленото кафе наталожено во филтерот во облик на инка, каде што ја впива аромата и бојата пред да премине во другата половина на тенџерето.

12

Едноставна, но брилијантна идеја. Толку брилијантна, што всушност, Moka брзо стана еден од најпопуларните италијански дизајнерски предмети во светот, со стотици милиони продадени примероци од 1950-тите до денес.

8

Но, Moka, со својот уникатен Арт Деко дизајн, исто така се здобила со популарност благодарение на многу иновативната рекламна стратегија, која ја осмислил синот на Bialetti, Renato, а ја спровел  карикатуристот Paul Campani.

000

Во 1953 година, инспириран од изгледот на Renato Bialetti, Campani го создал култниот „мал човек со мустаќи“. Овој лик, кој веднаш ја освоил наклонетоста на јавноста, првпат се појавил во серија цртани филмови со слоганот „О, да, да… изгледа лесно… да се направи добро кафе!“, што набрзо станало слоган. Подоцна, е прикажан и на една од страните на осмоаголникот на Мока, станувајќи органски дел од предметот.

003

Тоа бил еден од првите примери претприемач директно да учествува во промоцијата на еден свој производ, макар и на ироничен и помалку карикатурален начин.

7

13

004

Испрати коментар

Scroll To Top